
Њујоршкиот слаткар Жак „Мистер Чоколат“ Торе, најверојатно ќе постави нов светски рекорд за најскапото чоколадно велигденско јајце.
Тој направи чоколадно јајце тешко 50 килограми, кое во целост е направено од млечно чоколадо, и декорирано со панорамата на Њујорк. Ова интересно јајце во моментот е изложено во неговата продавница „Дамбо“.
На овој мајстор за чоколадни работи му беа потребни околу десет дена за изработка на ова вкусно ремек дело, кое е високо 80 сантиметри и кое мора да биде чувано во простор со темпеатура под 20 степени Целзиусови.
Ова џиновско јајце е дел од еда манифестацијата, која се одвива на подрачјето на цел Њујорк, која инаку е од хуманитарен карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


