Kога осигуреното лице е примено како итен случај, повеќе нема потреба да се грижи за упат и административни работи, бидејќи здравствениот систем, во негово име, ќе ги заврши сите процедури во поглед на упатувањето, соопштуваат од Фондот за здравство. Промената е со цел да се изврши административно олеснување за матичните лекари, но и за пациентите и за здравствените установи.
– Ако осигуреното лице е примено како итен случај и без упат, повеќе нема потреба да оди кај матичниот лекар, бидејќи специјалистот креира специјалистички или супспецијалистички упат, кој го потврдува со свој потпис и факсимил. Ако специјалистот извршил само амбулантски преглед и нема потреба од болничко лекување, установата ги фактурира здравствените услуги како специјалистички пакет, со упатот издаден од (суб)специјалистот – информираат од Фондот за здравство.
Ако при прегледот се утврди дека постојат медицински индикации за болничко лекување на осигуреникот, специјалистот веднаш креира болнички упат, кој го потврдува со свој потпис и факсимил.
– Со новиот начин на упатување, лекарите специјалисти по извршен прв преглед, за секој нареден контролен преглед ќе издаваат специјалистички упати. Со овие измени, повеќе нема потреба за сите наредни контролни периодични прегледи да се препраќа осигуреното лице кај матичниот лекар. Досега овие контролни прегледи непотребно се закажуваа преку „Мој термин“ како нов преглед, со што се одолжуваше времето на чекање за преглед. Важноста на (суб)специјалистичкиот упат сега е една година наместо, како досега, еден месец. Ова е големо олеснување за осигурениците со хронични заболувања што се лекуваат амбулантски и нема веќе потреба секој месец да обезбедуваат упат од матичниот лекар – појаснуваат од Фондот.
Такви заболувања се хемодијализа, вежби за вид, слух, говор и глас, хемотерапија и радиотерапија во дневна болница. Дадените здравствени услуги се фактурираат секој месец до Фондот со копија од првично издадениот упат. По завршување на лекувањето, во рок од 5 дена, осигуреното лице треба да ја однесе целокупната медицинска документација за лекувањето кај својот матичен лекар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст