| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со поддршка на стопанството

Носителот на листата за изборна единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, Никола Попоски, во рамките на денешната посета во Тетово оствари средби со старите тетовски семејства од горните маала на градот, како и со претставниците на руската заедница во Тетово.

Попоски го обиколи централниот дел на градот и ги посети дуќанџиите со кои што разговараше за предизвиците на стопанствениците, како и мерките на Владата на Република Македонија за подобрување на бизнис климата во државата.

Денешната агенда во градот под Шара, носителот на ВМРО-ДПМНЕ во изборна единица 6 ја заврши со претставување на делот од проектите содржани во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Проверено“, пред граѓаните од населбите Мала Станица и Ченто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top