Продуцентот Роберт Насков е новиот претседател на Друштвото на филмските професионалци на Македонија. На вонредно собрание што синоќа се одржало во Кинотеката на Македонија, тој бил избран со мнозинство гласови.
Од филмската асоцијација известуваат дека биле избрани координатори на секции на Друштвото кои пак ќе предложат свои членови во управниот одбор и во другите тела на друштвото. Насков веќе беше претседател на ДФПМ еден мандат, а сега доаѓа на местото на Горјан Тозија.
На последното собрание пред неколку недели, Тозија си даде оставка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.