Со облеката секогаш треба да сте многу внимателни бидејќи освен што може да изгледате послабо, може да личите и подебело отколку што, навистина, сте. Затоа парчињата облека треба внимателно да се комбинираат. Пред секое пазарење треба убаво да размислите за парчето облека што го купувате и дали тоа одговара на обликот на вашето тело.
Затоа треба да се следат модните совети, кои посочуваат што да облечете и како да изгледате како да имате помалку килограми.
Прво и најважно е да најдете градник што совршено ви одговара. Многу непривлечно и лошо изгледа кога жената носи погрешна величина градник, па градите се „прелеваат“ или, пак, се гледа дека градникот е преголем.
Кога купувате долна облека, внимавајте да најдете облека што ќе помогне во затегнување на проблематичните делови на телото – стомакот, задникот и бедрата.
Ако сакате да изгледате како да имате помалку килограми, избегнувајте широки панталони и панталони со должина до под колената. Затоа избирајте панталони со рамен крој и во потемни бои, кои благо ќе ја издолжат вашата нога.
Што се однесува до здолништата, може да носите цигара-здолниште, кое ќе ги нагласи вашите облини или, пак, здолниште со А-крој, во ретро-стил и со должина малку под колена.
Што се однесува до чевлите, општопознато е дека високите потпетици визуелно ќе ја издолжат вашата фигура, па ќе изгледате послабо.
Одберете високи потпетици со шпиц и нема да погрешите бидејќи тие ја издолжуваат ногата и ве прават повити, без разлика дали носите панталони или здолниште. Избегнувајте чевли со ѓон во вид на коцка, бидејќи тие ја прават вашата нога широка. Исто така, треба да избегнувате чевли со полна петица.
Многу е важно облеката што ја носите да не ви биде ниту преголема, ниту премала, туку мора да ви стои токму така како да е шиена за вас. Ракавите и ногавиците на пантолоните мора да бидат во правилна должина, освен ако не сакате да изгледате подебело отколку што, навистина, сте.
Постои мислење дека жените со облини би требало да избегнуваат здолништа и фустани во макси должина, но тоа се покажа како сосема погрешно. Одберете кроеви што ја следат линијата на вашето тело и избегнувајте какви било набори. Со здолништето може да носите „опасна“ маица со куси ракави и кратка кожена јакна или блуза во темни бои.
Носите црна боја. Во црна боја изгледаме послабо отколку што навистина сме. Општо е познато дека пополните лица носат темни и еднобојни бои за да изгледаат како да имаат помалку килограми. Црната боја е многу популарна и многу елегантна, но и другите бои како темносина визуелно ќе ја продолжат вашата силуета.
Ако ги носите на вистински начин и панталоните со висока половина може да направат да изгледате како да имате помалку килограми бидејќи го издолжуваат долниот дел од телото. За да ја нагласите половината, таквите панталони носете ги со кратки маици или, пак, со блузи врзани околу половината. Вертикални линии ќе ви помогнат да изгледате вито, па нив може слободно да ги носите ако ви се допаѓаат.
Носете фустани што ќе ја нагласат вашата половина, но внимавајте, ремените не треба да бидат прешироки.
Ако сакате да ги скриете недостатоците на горниот дел на телото, носите темни маици или црно палто, а долу облечете панталони или здолниште во боја.
Малку подолга јакна на црни панталони, исто така, може да направи да изгледате послабо, а во исто време и многу елегантно и модерно.
Отпуштениот ретро-изглед ќе сокрие некој килограм повеќе, а во исто време е многу префинет и софистициран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.