Откако по извонредното издание во Санк Петербург и поразот на Горење од Силекборг, ракометарите на Металург се вратија на второто место во Ц групата од Лигата на шампионите, овде започна лицитацијата за можните противници за осминафиналето.
Според состојбата на табелите во четирите конкуренции сите германски екипи (Хамбург, Кил, Фуксе Берлин и Флензбург), рускиот првак Чеховски Медведи, белорускиот Динамо Минск и шпанскиот Атлетико Мадрид се во игра за елиминацискиот двомеч во термините 16-17 март односно 23-24 март.
Ако нашиот првак го победи Силкеборг в недела и го освои второто место во актуелната група ќе наиде на следните противници: Атлетико Мадрид на Кире Лазаров од Б составот, Динамо Минск од Д Групата или Хамбург, Флензбург и Чеховски Медведи кои се борат за првите три места во А групата.
Доколку Металург заврши трет: во игра повторно е триото од А групата, Кил од Б или Фуксе Берлин од последната конкуренција.
– Ќе го искористам македонското мото, чекор по чекор, прво Силкеборг, а потоа ќе мислиме на осминафиналето-ни изјави денеска Лино Червар потесетувајќи се дека минатото лето на традиционалниот ракометен турнир во Струга, Металург го победи Динамо Минск (26-23).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


