| четврток, 6 декември 2018 |

Ристески: Со привлекување на домашни и странски инвеститори до 5.000 нови вработувања во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, од Отвореното студио во Прилеп пред почетокот на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, изјави дека во новата програма за следните четири години многу простор е посветен на економијата и отворањето на новите работни места.

marjan500

Во наредниот период ќе посветиме најмногу внимание на економскиот развој на градот, исправање на двата загубари, Тутунскиот комбинат и Еурокомпозит и секако уредување на а индустриските зони и слободната економска зона која е во соработка со Владата на Република Македонија. Очекуваме во наредните 3 – 4 години максимум до 5.000 нови вработувања на територијата на Прилеп со привлекување на домашни и странски инвеститори – изјави Ристески.

Ристески воедно потенцираше дека Прилеп прерасна во град на фестивали, се развива фестивалскиот туризам, стана член на Европската карневалска асоцијација, потоа го спомна Пиво фест како супертуристички бренд, а сето ова се настани кои се повеќе привлекуваат туристи.

Градоначалникот на Прилеп за во иднина најави реновирање на цркви и манастири, изградба на патишта до овие места, реновирање на конаците, се со цел развивање на манастирски туризам од кој очекува над 100.000 посетители годишно.

Од проектите кои се завршени или се во тек го спомна внатрешното и надворешното инфраструктурно уредување на Прилеп, потоа 10-те милиони евра инвестирани во образованието за реконструкција на основни и средни училишта, уредување на културни знаменитости, реконструкција и изградба на верски објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top