| четврток, 6 декември 2018 |

Српскиот поглавар ги поздрави сите христијани, ги заборави само верниците на МПЦ – ОА

Во своето велигденско обраќање до верниците Поглаварот на Српската Православна црква во пресрет на големиот празник изјавил дека се моли за „браќата и сестрите на Блискиот исток и Украина“ со желба неговата молитва да им ги просветли мислите на тие што го мрзат светото Православие.

Поглаварот Иринеј испрати специјални поздрави до верниците на СПЦ на Косово кои иако  се „жртви на напади, им е одземена слободата и немаат никакви права , постојано се дискриминирани, кои што го слават Велигден со победа на доброто над злото, животот над смртта и со победата на воскресението на демонските сили на темнината“.

 

Пораки за поддршка и љубов Иринеј испрати и до христијаните во Далмација, Лика, Кордун, Банија, Славонија и Барања.

Со традиционалниот поздрав „Христос воскресе“ Иринеј ги поздрави и верниците на СПЦ во Република Српска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, како и верниците на непризнатата ПОА.

Првиот човек на СПЦ во изјавата според која следбениците на Јован се борат за единство на црквата и чистотата на православната вера, случајно или намерно, индиректно ја обвини МПЦ дека се води по различни канони од тие што владеат во православниот свет.

Во своето обраќање поглаварот на СПЦ Иринеј директно не ја спомена МПЦ – ОА а Македонија ја нарекол Поранешна Југословенска Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top