Носителката на изборната единица 2, Гордана Јанкулоска, денеска оствари средба со граѓаните на Кадриово маaло во општина Гази Баба.
Јанкуловска пред граѓаните ги презентираше проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
– Во соработка со Ромскиот образовен фонд од Будимпешта, во насока на јакнењето на свеста кај ромската популација за важноста на образованието, досега се доделени вкупно 2.862 стипендии на ученици Роми, кои истовремено добиваат и дополнителна помош преку менторство и туторство, со цел подобро снаоѓање во училишната средина и постигнување повисок успех во школувањето – нагласи Јанкуловска.
Пред граѓаните на Кадриово маало, Јанкулоска истакна дека во наредните четри години е предвидено изградба на водоснабдителни и канализациски системи во рамките на Декадата за вклучување на Ромите, инклузија на деца Роми во предучилишно образование.
Таа додаде дека во следниот мандат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе је зголемува социјалната помош по 5 проценти годишно, односно социјалната помош ќе се зголеми за вкупно 21,5 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И Гордана Јанкулоска го осудува бегството на Груевски
-
Почна судењето за „Тенк“
-
Во деветти месец од бременоста сум, покажете ги на дело фразите за заштита на мајката и детето – Јанкулоска со отворено писмо до Дескоска и Царовска
-
Цел месец им се заканувал на вработените дека ќе ги убие бидејќи му ја укинале социјалната помош