СВР Куманово поднесе кривична пријава за Љ.М.(17), И.Н.(28) и за М.А.(15), сите од Куманово, за сторени 14 кривични дела, од кои 11 тешка кражба и три дела кражба, како и Р.А.(24) од Куманово за сторено кривично дело прикривање.
Пријавените, во периодот од 29 декември минатата година до 10 април годинава, на подрачјето на Куманово со употреба на соодветен предмет вршеле кривични дела во куќи одземајќи пари, златен накит и техничка стока предизвикувајќи штета од околу 3.394.800 денари.
Од страна на судија, на Љ.М. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Н. и М.А., додека Р.А. се наоѓа на издржување казна затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.