| четврток, 6 декември 2018 |

Заев најави промена на борбата на опозицијата

zoran-zaev-3-

Градоначалникот на општина Струмица и потпретседател на СДСМ, Зоран Заев, заРадио Слободна Европа најави нови методи на дејствување на опозицијата во наредниот период.

– Новите медоти ќе бидат поинакви од досегашните мeтоди кои ги применувавме, поради тоа што со денот на поднесување на листите поминавме во еден друг период кадешто од нас како опозиција се очекува други начини на изразување револт и отпор – изјави Заев за Радио Слободна Европа.

Тој очекува трезвеност од власта, а вели дека ја знае и подготвеноста за отрезнување во неговата партија и во целата опозиција.
– Доколку не постојат веќе никакви можности за разговор и слично, апсолутно ние како опозиција имаме намера да останеме да живееме во оваа земја и не само тоа, туку да ја јакнеме нашата политичка позиција пред граѓаните, се разбира користејќи ги сите демократски методи коишто ни стојат на располаѓање – додава Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top