Една жена загина, а неколку лица се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што денеска попладне кај 13.10 часот се случи кај бензиската пумпа „Лукоил“ на излезот од Битола во правец кон Охрид.
Од СВР-Битола информираат несреќата дошло по директиот судир на патничко моторно возило марка „форд-ескорт“ со битолски регистерски таблици и патничко моторно возило марка „тико“ со охридски регистерски талици. На местото на несреќата почина една жена, а останатите лица од двата автомобила итно се пренесни во во медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“ во Битола.
На местото на несреќата излегоа вештак, јавен обвинител и екипа на СВР-Битола. Истрагата е во тек, а сообраќајот во прекин и се пренасочува по стариот пат Битола-Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.