| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Македонска Каменица и Крива Паланка ќе се поврзат со нов пат

todorovvv-500

Никола Тодоров, носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3 денес ги презентираше проектите од новата програма пред пензионерите во Македонска Каменица.

Тој промовираше голем проект, исклучително важен за регионот кој денес го потсети, проектот за поврзување на Македонска Каменица со Крива Паланка, односно САСА, со Тораница.

-Тука има неасфалтиран дел од 17 километри. Со асфалтирањето ќе биде направено поврзување помеѓу двете соседни општини. Македонска Каменица и Крива Паланка досега не беа споени со патна инфраструктура. Очекувам дека овој проект ќе се реализира некаде 2016-2017година, а вредноста на оваа инвестиција е околу 10 милиони евра. Се надевам дека со изградбата на овој пат ќе се овозможи подобра економска поврзаност меѓу општините, олеснување на превозот на луѓе, стоки и капитал – рече Тодоров.

Тој посочи дека ќе продолжи проектот за изградба на 120 тениски игралишта и дека предвидени се 2 такви  во Македонска Каменица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top