| четврток, 6 декември 2018 |

Марчело Мастројани на плакатите за Канскиот фестивал

cannes-2014-marcello-mastroianni-

Ликот на италијанскиот актер Марчело Мастројани (1924-1996) ќе биде на плакатот на годинешниот 67. Кански филмски фестивал кој се одржува од 14 до 25 мај, објави организаторот.

Лани на плакатот за престижниот фестивал беа Пол Њумен и Џоан Вудворд, а претходната година Мерилин Монро.

– Со Мастројани и Федерико Фелини го славиме слободниот филм и отворениот свет, го истакнуваме уметничкото значење на италијанскиот и европскиот филм – пишува во соопштението на организаторите.

На плакатот е стара фотографија, односно портрет на младиот Мастројани кои гледа преку наочарите за сонце. Тоа е фотографија од филмот „Осум и пол“ на Фелини, чиј омилен актер бил токму Фелини. Тоа е филм за депресивен режисер кој бега од светот во светот на фантазиите. „Осум и пол“ бил прикажан во Кан 1963 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top