| четврток, 6 декември 2018 |

Вистината за „пивскиот стомак“

Премногу калории во организмот е најважниот фактор кој предизвикува дебелеење, независно дали пиете пиво или не

1351540618-news_15211
Експертите од Велика Британија во нивното истражување докажаа дека конзумирањето пиво не предизвикува таложење на масни наслаги во стомачниот дел.

Во истражувањето објавено во научното списание „Review“ се наведува дека не постојат научни докази за поврзаноста на конзумирањето пиво со дебелеењето.

Еден од авторите на ова истражување Кетрин О’Саливан изјави дека внесувањето премногу калории во организмот е најважниот фактор кој предизвикува дебелеење, напоменувајќи дека конзумирањето пиво не е пресуден фактор.

Ако внесете голема количина калории во вашиот организам и ако не ги потрошите вие во тој случај секако ќе се здебелите, независно дали пиете пиво или не, смета О’Саливан .

Затоа се истакнува дека истражувачите дошле до заклучок дека е погрешно за пивото да се тврди дека припаѓа во групата на висококалорични производи.

Таа истакнува дека 100 милилитри сок содржат повеќе калории отколку исто толку пиво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top