Колумбискиот писател и добитник на Нобеловата награда за литература, Габриел Гарсија Маркес, боледува од рак. Тој оваа година наполни 87 години и во крајот на март беше сместен во болница, пишува мексиканскиот весник „Универзал“. Ракот првпат му бил дијагностициран во 1995 година.
Тој сега прима само терапија со која му се ублажуваат болките бидејќи не е можно лечење поради староста.
Авторот на романот „Сто години самотија“ последен пат бил во јавноста во почетокот на март, насмеан, но не сакал да дава изјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.