| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Јованова: Не го напуштам Загреб

И по завршувањето на снимањето на серијата „Тајни“, македонската актерка Јелена Јованова и понатаму е во Загреб. Таа веќе извесен период е во врска со колегата и актер од серијата Стјепан Периќ.

– Снимањето заврши, но јас и понатаму сум во Загреб. Имам ангажмани овде. Имам голем број интервјуа коишто мора да ги направам, а исто така, тука се и ПР настаните, на кои задолжително мора да присуствуваме, со оглед на фактот што серијата се уште се емитува. Се враќам за брзо во Скопје. Имам ангажмани таму. Неколку претстави кои веќе се најавени. Сепак, нема да го напуштам Загреб. Ќе патувам постојано – вели актерката за Вечер.

Дека ужива во љубовта и животот со Стјепан, потврди и самата таа уште пред неколку месеци, кога ја официјализираа врската.

– Заедно сме и немавме зошто да криеме. Сепак, не сакам да зборувам за приватниот живот и за тоа во какви односи сме. Доволно е тоа што сите знаат дека сме заљубени и мислам дека нема потреба од дополнителни објаснувања -вели Јелена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top