Орото ќе биде формирано и изиграно на 26-ти април, сабота, напладне, а ќе се протега на 18 километри од Инекс Горица во Охрид до Мостот на поезијата во Струга и ќе трае околу осум минути. За оваа пригода премиерно ќе биде изведена музика од две стари ора, аранжирани како една композиција под наслов „Повезден те гледам”. Организаторите очекуваат 18.000 учесници за соборување на сегашниот рекорд од 2009 година што го држат Кинезите.
Сите заинтересирани за учество во орото може да се пријават на веб страната www.mkzaginis.mk.
-Мотото на овој голем настан е Цела Македонија – едно оро! Како организатори ние знаеме дека патот од Охрид до Струга не е Македонија, но оние кои по него ќе го играат најголемото оро во светот се Македонија. Целта ни е да ја претставиме Република Македонија како мултиетничко, граѓанско, демократско општество”, изјави Зоран Џорлев, директор на „Танец”.
Причина за ваквиот потфат, додаде, се одбележување на јубилејот на „Танец” – 65 години од неговото постоење во пресрет на Светскиот ден на танцот 29-ти април и влез во Гинисовата книга на рекорди.
За признавање на рекордот, орото треба да се игра непрекинато, да се игра според утврдена кореографија, а секој учесник што ќе го прекине орото ќе биде елиминиран. За набљудување на обидот за рекорд се очекува во Охрид да пристигне официјален судија од Гинис.
Сашо Ѓуровски, идејниот творец и извршен директор на проектот изјави:
-Градоначалниците на Охрид и на Струга, Бакрачески и Села, ја дадоа својата сесрдна поддршка за орото кое и двата града треба да ги внесе во Гинисовата книга на рекорди, а со тоа ќе ги впише и во светската туристичка мапа. По очекуваното поставување на рекордот, во двата града на отворени сцени ќе се одржат концерти на културно-уметничките друштва од цела Македонија, предводени од „Танец”, чиј концерт во Охрид ќе трае час и половина. Планирани се и други придружни манифестации во двата града текот на целиот ден”.
Македонската радио телевизија ќе врши директен пренос од настанот со повеќе од 20 камери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога овој поп ќе поведе оро, сите се крстат и тоа со причина!(видео)
-
Македонците во Грција играат и пеат на “Слушам кај шумат шумите” (видео)
-
Ивица Дачиќ: Вучиќ понекогаш ми вика да отпеам нешто, но и кога треба некој да игра оро со гостите од Африка, тука сум! (видео)
-
Сакала да го собори Гинисовиот рекорд во нуркање, но се удавила на Халкидики