-Можеме да потврдиме дека директорот (на CIA) престојуваше во Киев овој викенд, одговорил портпаролот Карни на новинарско прашање на редовниот брифинг во Белата куќа во понеделникот навечер.
Посетата на Бренан била дел од неговото „рутинско” патување низ Европа, и секакви други тврдења освен тоа, какви што беа обвинувањата од Русија „се апсурдни”, додал Карни, пренесува AFP.
Претходно неименуван извор близок на украинските безбедносни служби за руската агенција РИА Новости изјави дека челникот на CIA во саботата пристигнал во Киев и се сретнал со претставници на новите власти непосредно пред украинското министерство за надворешни работи да ја објави воената операција против приврзаниците на федерализацијата во проруската источна Донецка област кои цела седмица под своја контрола држат згради на регионалните и на државните власти во десетина градови.
Исто така, и соборениот украински претседател Виктор Јанукович на прес-конференција на руска територија изјави дека има сигурни информации дека украинските безбедносни служби кои сега ги раководат неговите противници од прозападните сили ја донеле одлуката за воената, како што ја нарече Киев „антитерористичка” организација нa истокот на земјата, веднаш по средбата со Бренан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст