| четврток, 6 декември 2018 |

Тања Каракамишева-Јовановска: Заев одржа говор на политичка омраза

zaev

Зоран Заев

За професорката на Правниот факултет во Скопје Тања Каракамишева – Јовановска говорот на Зоран Заев, по завршување на изборите било говор со политичка омраза. Таа во изјава за „Канал 5“ вели дека обраќањето на Заев го прифатила со вџашување и шок.

Tanja-Karakamiseva-analiza

Тања Каракамишева-Јовановска

-Неверување дека некој може да му го напише тоа обраќање, бидејќи го читаше говорот и дека некој политички советник може да го советува господинот Заев да прочита, би рекла, говор на политичка омраза во своето обраќање. Да не заборавиме, непосредно пред обраќањето беше утврден сериозен дел од електоратот којшто гласал за господинот Стево Пендаровски, неколку минути после тоа да го делегитимира навистина е еден фрапантен говор, едно фрапантно политичко фијаско би рекла, меѓутоа и ако сакате така, самоубиствен говор кој после него и во наредниов период нема да може да го испере ниту една друга изјава која би била дадена како позитивно обраќање на господинот Заев. Јас навистина сум шокирана, не знам кој би можел да го советува вака да настапи. Таа е таа разлика која ја зборуваме во текот на сите анализи. Тимот кој го предводи Никола Груевски има сосема поинаков стил на политичко однесување, на политичка реторика, стил на политичко делување. Тој стил, таа матрица, ја препознаа граѓаните и ја прифатија – изјави Каракамишева-Јовановска во изјави за „Канал 5“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top