| четврток, 6 декември 2018 |

Маркез си поигрува со противниците во ГП класата

Марк Маркез продолжува со доминацијата во Мото ГП класата со втора победа во новиот циклус натпревари. Актуелниот светски првак беше најбрз и во Остин на натпревар за Големата награда на САД.

Маркез славеше и на премиерната трка од новото издание во Мото ГП и со максимални 50 бода е лидер. Во Остин зад него како второпласиран целта ја мина неговиот сонародник и тимски колега од Хонда, Дани Педроса, а место на подиумот имаше и за италијанскиот претставник Андреа Довисиозо од Дукати.

Во класата Мото2 најумешен беше Маверик Виналес, а Џек Милер беше прв во најслабата класа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top