Според руската полиција, телото на Михаил Пахомов било најдено во подрум од приватна гаража во близина на селото Обуково. Пахомов бил пријавен за исчезнат на почетокот на минатата недела. За неговото убиство биле уапсени 11 осомничени, меѓу нив и 40 годишниот Евгениј Харитонов, поранешен прв човек на комуналната служба на московскиот регион. Тој е осомничен дека го наредил убиството на пратеникот. Тој бил уапсен во авион пред да полета од московскиот аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


