| четврток, 6 декември 2018 |

Истанбул избран за најпопуларен туристички град

Istanbul

Според „Трипадвајзори“, турскиот град Истанбул е избран за најпопуларен туристички град во светот. Милиони корисници на „Трипадвајзори“ гласале за својата омилена туристичка дестинација, а Истанбул го освои првото место.

Овие резултати се по малку изненадувачки бидејќи градот „скокна“ за 11 места на листата во однос на минатата година. Зад Истанбул сега се вечните фаворити – Лондон и Рим.

Истанбул е град во кој се спојуваат модерното и старото време, преполн со историски споменици, џамии, музеи и други занимливости.

– Градот е многу шик и тоа го докажуваат патниците од целиот свет кои доаѓаат да го посетат – пишува „Бизнис инсајдер“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top