| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Идниот премиер Вучиќ најави дополнително оданочување на политичарите

aleksandar-vucic

Александар Вучиќ, идниот премиер на Србија, најави дека ќе се воведе дополнително оданочување на политичарите. Тоа се однесува на највисоките државни функционери, од претседателот на државата, преку министрите до народните избраници.

– Не може реално од ниту еден државен функционер да не се земе од платата помалку отколку на наставник или лекар – вели Вучиќ за „Блиц“.

Новиот данок за политичари ќе биде воведен затоа што по укинувањето на солидарниот данок и линеарното намалување на платите во јавниот сектор за 10 отсто, највисоките државни функционери би плаќале помал данок отколку досега, за разлика од обичните работници кои ќе плаќаат повеќе.

Министер со примања од 130.000 динари досега плаќал солидарен данок од 15.500, додека со намалена плата од 10 отсто би плаќал 13.000 динари.

– За да се исправи таа неправда, се подготвува нова мерка со која сите државни функционери ќе бидат повеќе оданочени отколку обичните работници во јавниот сектор – рече Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top