– Се знае дека секој Албанец што излезе да гласа го даде својот глас за Илjаз Халими – изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи на последната пресконференција на партијата.
Според него 90 проценти од албанските гласачи биле мажи.
– Се знае дека во вакви тензии жените не може да гласаат – изјави Тачи.
Според неговите податоци, 15 проценти од Албанците гласале за македонски кандидат, 10 проценти за Пендаровски, а 5 проценти за Иванов.
Тачи најави досега најубедлива победа за ДПА на парламентарните избори и сигурен е дека неговата партија ќе добие 13 или 14 пратенички места
– Тоа ќе биде најдоброто нешто што ќе ѝ се случи на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


