| четврток, 6 декември 2018 |

Цела естрада на мекици кај Жељко (ФОТО)

За раѓањето на Коста Јоксимовиќ се славеше со песна до рано наутро, пишуваат српските медиуми. Српската естрада во петокот вечер се собра на честитање кај Жељко Јоксимовиќ за раѓањето на неговиот прв син со сопругата Јована.

Цеца, Харис Џиновиќ, Драган Бјелогрлиќ, беа само дел од многубројните гости кои се веселеа заедно со среќниот татко. Јоксимовиќ не сакал да го пушти микрофонот, а во еден момент на телефон ѝ запеал на Јована.

– Не можам да бидам посреќен – изјавил Јоксимовиќ по раѓањето на Коста.

Јована се породи во четвртокот во Белград со царски рез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top