
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, рече дека претседателските избори ќе поминат така како што треба и очекува нивниот кандидат да бележи добри резултати.
– После 12 години нема никаков вид притисок. Како што се знае, ДУИ не учествува во овие избори и нема притисоци. Малку проблематична е ситуацијата кај Албанците и кај нашиот кандидат за претседател бидејќи нашиот глас е јавен, додека, според моите информации, не се почитува тајноста на гласањето во Зајас, Кичево, Шипковица и во неколку други места – рече Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


