| четврток, 6 декември 2018 |

Моника и Чендлер повторно заедно

Актерите Кортни Кокс и Метју Пери  повторно во иста серија. По девет години глума во  хит серијата „Пријатели”, Моника и Чендлер Бинг ќе играат повторно заедно во серијата „Go On“ .

Кортни игра потенцијална партнерка на Метју, чиј лик Рајан Кинг, спортски радиоводител, неодамна ја изгубил својата сопруга.

Ова е прва појава на Кортни и Метју на екран после крајот на 10-те сезони на  „Пријатели”  во 2004 година.

Двајцата актери за прв пат застануваат и заедно во продукција, откако учествуваа во „Пријатели”.  По завршувањето на комичната серија, најуспешна кариера изградија Џенифер Анистон и Кортни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top