| четврток, 6 декември 2018 |

Азески: Императив за македонската економија се побројни домашни компании

azeskiДржавната политика да се сврти кон сите што се двоумат својот расположлив капитал да го инвестираат во производството. Императив за македонската економија е домашните компании да бидат многу побројни отколку што се сега и што побрзо да ги остварат планираните вложувања, како и својот сон за поуспешен бизнис. Ова е пораката од прославата на 91 јубилеј на Стопанската комора на Македонија.

– Комората како партнер и застапник на деловните интереси на фирмите, ќе го поддржува секој субјект што ќе се определи своите активности да ги насочи кон клучните определби – домашните и странските инвестиции да бидат двигател на растот, да се зголеми извозот на конкурентни производи за одржлив развој и приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст апсорбирајќи ја високата невработеност, истакна претседателот на Комората Бранко Азески.

Според Азески, македонската економија егзистира во услови на три високи диспропорции, производството и потрошувачката, увозот и извозот, како и активното и издржуваното население. Ако на тоа се додаде, напомена, секојдневното зголемување на влезните трошоци, а намалување на продажните цени на стоките и услугите, на секој граѓанин ќе му биде совршено јасно каков успех постигнала Стопанската комора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top