| четврток, 6 декември 2018 |

Попладневната дремка може да ве убие

dremka

На прв поглед сосема безопасна, попладневната дрема може да биде многу опасна, покажа едно истражување.

Британските научници утврдиле дека возрасните кои спијат еден час или повеќе попладне го зголемуваат ризикот од прерана смрт.

Најголемиот ризик е поврзан за болести набели дробови, како бронхитис или воспаление на белите дробови, а истражувачите истакнуваат дека ризикот е во тоа што телото се опушта и тоа предизвикува воспаление во телото, пренесува „Дејли мејл“.

Студијата е спроведена помеѓу 16 илјади лица, а волонтерите дале податоци за своите навики за спиење и за времето во кое тоа го прават. Резулатите покажале дека попладневниот одмор може да биде фатален.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top