
Ни денес, по повеќе од седум децении не се знае многу за тврдењата дека нацистите запалиле пет илјади дела од таканаречената „изопачена уметност“. Историчарите на уметноста сметаат дека лажното палење е малку веројатно. Сепак, историјата дошла до некои сознанија, пишува „Дојче веле“.
– Нема милост ниту за една слика – запишал министерот за пропаганда на Третиот рајх, Јозеф Гебелс во својот дневник на 13 јануари 1938 година.
Тоа била реченица со катастрофални последици. Една година подоцна, на 20 март 1939 година, нацистите, како што се тврди и денес, запалиле повеќе од 5.000 дела од таканаречената „изопачена уметност“ во дворот на старата противпожарна служба во Берлин. До денес не е разјаснето дали палењето навистина се случило. Не постојат официјални фотографии од настанот, за разлика од палењето на книгите во 1933 година што се случило зад затворени врати. Дури ни дневникот на Гебелс не открива детали за срамниот чин. Но, историчарката на уметност Мајке Хофман од Универзитетот во Берлин има поинакво мислење.
– Веруваме дека палењето се случило. Нацистите биле големи бирократи, но не можеле да прикријат дека уништиле пет илјади дела – вели Хофман.

Колекциите што биле запалени ги нема во ниту една службена архива, ниту, пак, во ниту една збирка. Вкупно, нацистите заплениле 20.000 дела од современата уметност. Во јуни 1937 година Гебелс му наредил на претседателот на уредот за ликовна уметност Адолф Циглер сите германски музеи да ги „исчисти“ од таканаречената „изопачена уметност“. Тука спаѓале делата настанати по 1910 година. За неподобна уметност се сметало сѐ што се нарекува модерна уметност.
– Околу нас ги гледате овие изрази на лудило, безвредност и на изопаченост. Сите сме шокирани и ужаснати од таа глетка – со овие зборови Циглер ја отворил изложбата во Минхен. Но, изложбата била вистински бум – повеќе од два милиони луѓе дошле да видат поради што се кренала таква фама.

Со формулацијата „изопачена уметност“ нацистичката пропаганда ги нарекувала делата што не биле во согласност со националистичките естетски критериуми. Тоа, пред сѐ, се однесувало на делата на германските експресионисти – сликите на Емил Нолде, Кете Колвиц, скулптурите на Ернетст Барлах, но цел биле и светски познатите Кандински, Шагал и Пикасо.
Во вториот бран од музеите во Германија биле тргнати 19.500 експонати. Поголемиот дел од сликите биле сместени во депо. Делата за кои се сметало дека имаат меѓународна вредност биле сместени во дворец во Нидершенхаузен, каде што потенцијалните купувачи можеле да ги разгледуваат. Министерството за пропаганда одбрало четворица трговци со уметнички дела, чијашто задача била да ги продаваат сликите и да обезбедуваат пари за воениот фонд. Не собрале многу парите, но оваа продажба има интересна димензија – еден од трговците му продал 650 дела на својот деловен партнер, Курт Валентин, Евреин, кој емигрирал во Њујорк. Така, еврејските емигранти во Северна Америка успеаја да ја етаблираат германската модерна.
Ролф Хеч, шефот на одделението за ликовна уметност, ги документирал сите примери на „изопачената уметност“ и составил листа. Но, таа е само делумно сочувана и донекаде ажурирана. Еден оригинален документ е, сепак, сочуван, таканаречената „Листа на Хари Фишер“. До неа, сосема случајно дошол Андреас Хинеке во 1997 година во Лондон. Овој документ е единствен за сите тие што ја проучуваат таканаречената „изопачена уметност“ бидејќи има детали за тоа како биле одземени од германските музеи. Во меѓувреме, историчарите на уметност успеале релативно квалитетно да ја реконструираат листата на запленети дела.

Листа на Хари Фишер
Хофман, заедно со својот тим создала најопсежна архива досега во која има 21.000 примероци. Но, и тука има изненадувања. Во нацистичките каталози сите дела што требале да бидат уништени, биле означени со знакот „х“.
– Сепак, успеавме да лоцираме некои од нив, иако тие требале да бидат уништени – вели Хофман.
Некои од трговците со уметнички дела, како Хилдебрант Гурлит, успеале да спасат од палење дел од овие слики продавајќи ги или криејќи ги во депо. Во 2012 година, даночниците од неговиот син заплениле 1.280 уметнички дела, а дури 380 спаѓале во „изопачената уметност“.
Германските историчари на уметност не губат надеж дека ќе најдат уште некое дело од „изопачената уметност“, кое требало, но за среќа, не било уништено.
(Пишува: Александра М. Бундалевска
Текст објавен во 83. број на неделникот „Република“, 4.04.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


