| четврток, 6 декември 2018 |

Навреме почнаа изборите во Струга

struga lokalni08

Општинската изборна комисија во Струга информира дека точно навреме, утрово во 7 часот се отворени сите 101 избирачко место на територијата на општината.

Сите гласачки места беа отворени точно навреме и до овој момент, гласањето се одвива без никакви проблеми и согласно препораките на Државната изборна комисија. На овие избори имаме новоотворени 23 избирачки места наместо досегашните 78, информираат од ОИК Струга.

Во Единствениот избирачки список се запишани 57.983 граѓани кои своето демократско право да гласаат за претседател на Република Македонија можат да го искористат до 19 часот кога се затвораат гласачките кутии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top