Сабина и една година постарата Самра им оставиле проштални писма на родителите во кои ги известуваат дека заминуваат за Сирија, објави „Лидер“. Сабит Селимовиќ, татко на едно од девојчињата, ги моли сите луѓе да му помогнат да ги спаси севојчињата Сабина и Самра од сирискиот хаос.
-На 10 април годинава од Виена со авион кон турскиот град Адана заминаа Сабина Селимовиќ (15) и Самра Кешиновиќ (16), државјанки на Австрија, со потекло од Босна и Херцеговина, а под сомнение дека заминале во правец на Сирија. Таа иста ноќ во работите на Сабина и Самра пронајдовме проштални писма оставени до семејствата и родителите, а од кои е видливо дека крајна цел им е Сирија, односно приклучување ко некој од завојуваните страни – се наведува во писмото од загрижениот татко.
За целиот случај е известено австриската полиција, а во потрагата по девојчињата се вклучи и турската полиција.
-Ве молиме доколку имате било какви информации за тоа каде се девојчињата и дали се видени на просторот на Адана, дали ја поминале границата кон Сирија, ве молиме да се јавите, пишува во писмото на загрижените родители на Сабина Селимовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!