| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно се разгореа судирите во Сирија: денеска употребен нервен гас

Сириската Влада и бунтовничките сили денеска меѓусебно се обвинуваа за нападот со нервен гас во едно село во централниот дел на Сирија, во кој се повредени повеќе десетици луѓе.

Со тоа всушност е потврдено дека во судирите повторно е употребено хемиско оружје.

Главната опозициска група Сириска национална коалиција соопшти дека во вчерашниот напад со нервен гас во селото Кфар Зејта биле повредени повеќе десетици луѓе. Од друга страна, пак, државната сириска телевизија денеска ја обвини бунтовничката организација Нусра Фронт, која е поврзана со Ал Каеда, за користење на отровен гас во нападот врз селото, во кој според медиумот загинале две, а повредени се над 100 лица.

Во август минатата година во напад со хемиско оружје во близина на Дамаск загинаа над стотина луѓе. САД и нивните сојузници за овој напад ја обвинија сириската Влада, што речиси ќе предизвикаше интервенција на западните сили врз силите на претседателот Башар ал Асад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top