| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на девојка која побегнала од Северна Кореја

кореја

Кој не живеел во Северна Кореја тешко може да замисли како изгледа животот во оваа најизолирана држава во светот. Сиромаштијата и законите практично го оневозможуваат секој вид на слобода, луѓето се робови кои живеат само за да го почитуваат и да му служат на владеачкиот режим. Ова е потресната приказна на Јеонми Парк, која успеала да побегне од својата татковина и условите во кои се живее таму.

-Пораснав со верба дека Ким Џонг Ун е Господ и дека тој може да ги чита мислите. Од самото раѓање не учат да го почитуваме. Никој не се жалеше, на она што тој не го одобруваше. Сите мораа да бидат повеќе од претпазливи, па и во разговорите, бидејќи владините шпиони се распоредени насекаде – започнува да раскажува оваа девојка.

Таа вели дека нејзиното семејство не било сиромашно како повеќето, бидејќи татко и работел за владата. Сепак и покрај тоа јаделе храна со изминат рок и секаде оделе пеш, бидејќи никој не може да се приушти автомобил.

Животот и станал пекол кога нејзиниот татко бил уапсен, поради наводен криминал и осуден на три години затвор. Во Северна Кореја постои пракса целото семејство на осуденикот да се испрати во работен логор, па Парк заедно со родителите завршила во логор, кој се наоѓал во близина на кинеската граница.

-Татко ми го ослободија, бидејќи се разболе од канцер. Тогаш одлучивме да побегнеме во Кина. Мораше да поминеме низ студена река среде зима. Бев преплашена. Не од тоа дека ќе не фатат, туку затоа што ќе не убијат. Кога ќе забележат дека некој бега, не прашуваат, туку веднаш пукаат-раскажуваа Парк, кој со своето семејство успеала да побегне во Кина.

-Татко ми бргу откако заминавме во Кина почина. По некое време запознавме луѓе од Јужна Кореја, кои ни рекоа дека можеме да заминеме во таа држава и да бидеме слободни, бидејќи од Кина можеше да не депортираат во Северна Кореја – вели таа.

По заминувањето во Јужна Кореја заедно со мајка и добиле статус на бегалци.

-Сфатив дека во се што верував беше лага. Не бев човек, не знаев што е слобода. Не размислувавме, туку само му служевме и работевме за него – вели девојката која што сега е студент во Јужна Кореја.

Таа наведе дека има голема желба да им помогне на повеќе луѓе од Северна Кореја да побегнат, од актуелниот режим на Ким Џонг Ун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top