| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: Пендаровски верификуваше избори на кои се репетираа пиштоли и жени беа влечени за коса

gjorcev-2-500
Некој најавува активен бојкот, некој сака да не се избере претседател на Р. Македонија. Можеби некаде ќе има намелен одзив, можеби некои изборни места ќе бидат оспорувани. Од тие причини треба масовно да се излезе на избори. Не смее да не изберме претседател, врховен командант на македонската војска. Не смееме да ги оставиме касарните и војниците без врховен командант. Државата пред се, истакна Владимир Ѓорчев кандидат за пратеник на Коалицијата „ За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Штип.
-Едно лично сведоштво, пред 10 години, во април во 2004 година на тие претседетелски избори кога Стево Пендаровски беше претседетeл на Државната Изборната комисија бев координатор на ВМРО-ДПМНЕ за шестата ИЕ на потегот Гостивар, Тетово, Дебар. Во првиот круг вистински се боревме и резултатите беа тука некаде. Во вториот круг главната задача ни беше да го сопреме полнењето на кутите. Но тогаш почна насилство, се репетираа пиштоли, жени беа влечени за коса, потенцираше Ѓорчев.

Такви беа тие избори, образложи Ѓорчев, со наполнети кутии и претепани членови на ВМРО-ДПМНЕ. И после ститици приговори, Стево Пендаровски, за кој сега ни велат дека е ново свежо лице ги парафираше тие избори и рече Бранко е претседател. Тоа ли е ново лице, праша Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top