| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Со вашиот глас да продолжат реформите и успесите на секој план

Во изминатите пет години многу постигнавме бидејќи имавме единство. Покажавме дека институциите можат, но и треба да соработуваат, а не да се конфронтираат, како во минатото, порача претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе
Иванов на вечерашниот предизборен митинг во Штип.

Додаде дека граѓаните веруваат дека Македонија може да биде уште подобро место за живеење, бидејќи гледаат и прават разлики.

– Со дела ја оправдав вашата доверба и затоа поднесов отчет, рече Иванов додавајќи дека да ја сакаш татковината значи дека државата е пред се и Македонија дека е пред се.

Посочи дека Македонија се сака со дела.

– Со таква посветеност ви служиме и вам граѓаните на Република Македонија. Покажуваме дека ова е земја која нуди добар живот и со вашиот глас да ја водиме државата во просперитетна иднина, рече Иванов.

Порача на митингот дека со гласање за него на изборите се продолжува со реформите, со инвестиции,со нови успеси на секој план. Порача да се гради Македонија како земја која негува традиција на соживот, земја на солидарност и дом на благосостојба на сите, што е запишано и во неговата програма. Поддршка за Иванов пред штипјани побара носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица Никола Тодоров. Тој изрази верба дека граѓаните на Македонија на овие избори наместо зборови ќе изберат дела.

– ВМРО-ДПМНЕ ви нуди програма со 2.046 проекти. тоа е цврста гаранција. Тоа е нашиот пат со нас. Нашиот цврст збор е во оваа книга за да се знае и да не се заборави. Да се знае дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзало да отвори нови работни места, да го изгради автопатот кон источна Македонија, новата клиничка болница во Штип. Да остане запишано дека ќе бидат обезбедени 600 милиони евра за земјоделството, дека ќе се зголемат платите во админстрацијата, социјалната помош – истакна Тодоров на митингот во Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top