| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: Русија е подготвена да разговара за прашањата од писмото на Путин

lavrov

Русија е подготвена да учествува во консултации со ЕУ по прашањата што ги иницираше рускиот претседател Владимир Путин во неговото писмо упатено до европските лидери, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

– Ги поздравуваме конечно направените промени во позицијата на ЕУ и повиците за консултации во формат Русија-ЕУ-партнерски држави – истакна Лавров.

Рускиот претседател испрати писмо до 18 европски лидери со кое ја предупредува Европа дека може да дојде до стопирање на дистрибуцијата на руски гас за европските земји доколку Украина не ѝ го исплати на Русија долгот за енергентот.

Според весникот „Росијскаја газета“, писмото било адресирано до лидерите на Македонија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Молдавија, Романија, Полска, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка.

Во писмото до европските лидери Путин нагласува дека Украина ѝ должи на Русија 17 милијарди долари бидејќи повеќе не важат одредени отстапки, како и 18,4 милијарди долари, кои Киев треба да ги плати на име санкции за некористење на минималното годишно количество гас, во согласност со договорот од 2009 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top