Судењето треба да се одржи денеска, а поротата ќе го слушне неговото сведочење во текот на неделата. Џеремаја Каурс е обвинет за предизвикување несреќа со смртни последици и напуштање на местото на несреќата. Според американските медиуми, обвинителството ќе презентира докази со кои ќе потврди дека на возилото на Каурс е пронајдена ДНК од Костова, а против него ќе сведочи и неговиот сопатник во автомобилот. Во првичната изјава обвинетиот тврдел дека никогаш не ја видел девојката и дека немал поим оти со неговиот автомобил бил прегазен човек.
Полициската истрагата утврдила дека ноќта на 3 јули 2011 година 32 годишниот Каурс и неговиот цимер Бамс се забавувале и пиеле алкохол во нивното маало. Во еден момент одлучиле да одат со џипот до продавница, а кога влегле во возилото Бамс запалил пиротехничко средство при што ја задимило целата кабина.
Според друг очевидец Ребека Шефланд, која минувала по улицата во времето кога се случила несреќата, возачот на возилото воопшто не се обидел да прикочи кога ја удрил девојката и продолжил да вози, а од внатре излегувал дим.
Трагедијата се случила на 20-ина метри од станот на Костова, каде живеела со уште три цимерки. Цимерките стоеле на терасата и биле очевидци на настанот.
Иако првично, цимерот на Каурс тврдел дека не знаеле дека удриле некого со возилото, десет месеци подоцна признал дека непосредно по несреќата застанале крај патот за да проверат дали е направена штета на џипот и се двоумеле дали удриле во велосипедист. Во меѓувреме, Костова била пренсена во болница. Таа, според цимерките, била во свесна и комуникативна состојба,но за жал имала преголемо крвавење поради што лекарите не можеле да и го спасат животот на девојката. Костова беше студент на втора година на Економскиот факултет на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“.
Против Каурс не било покренато обвинение речиси цела година по несреќата. Конечно бил уапсен во мај 2012 година. Се очекува судскиот процес да биде завршен во две рочишта. Каурс се соочува со затворска казна од 21 месец до 30 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


