
Владата на Народна Република Кина за учебната 2013/2014 година доделува четири стипендии за додипломски и магистерски студии и специјализации на државните универзитети во Кина. Крајниот рок за пријавување е 02.04.2013 година.
Подетални информации и пропишаните обрасци може да се најдат во текстот на Конкурсот објавен на интернет страната на Министерството: www.mon.gov.mk, како и на интернет страните http/www.campuschina.org или http//en.csc.edu.cn/studyinchina.
Прифатените кандидати, студиите ќе ги започнат од септември 2013 година. Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


