| четврток, 6 декември 2018 |

Ден за високи гости на вежбата „Македонски блесок – 10“

krivolak

Во рамки на воената вежба „Македонски Блесок – 10“ на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ и во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ денеска ќе се реализира програма за Денот за високи гости.

На Денот за високи гости ќе присуствуваат министерот за одбрана Талат Џафери, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, заменик- министерот за одбрана Емил Димитриев, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Методија Величковски, воените аташеа акредитирани во Република Македонија, претставници на Канцеларијата за врски на НАТО, претставници на локалната самоуправа од Штип, Неготино и Кавадарци и други високи гости.

Според програмата, на Денот за високи гости ќе бидат демонстрирани ситуации и постапки со кои ќе се прикаже обученоста и извежбаноста на средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и Лесната маневарска болница (ЛМБ), кои беа оценувани на вежбата „Македонски Блесок-10”.

Оценувањето на СПБГ и ЛМБ на вежбата го спроведува оценувачки тим на НАТО, составен од 16 члена од различни команди на НАТО, а од кои најголем дел се претставници на армии од земји членки на НАТО и Партнерството за мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top