
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од говорницата во Битола потврди дека германска компанија од автомобилската индустрија донела одлука да инвестира во во охридско-струшкиот регион и дека ќе вработи 1.000 луѓе.
– Јас дури и кога таре кампањата секој момент кога можам да убедам инвеститор не го пропуштам тоа. Денеска, на пример, требаше во Скопје да дојдат инвеститори од Германија, од Франкфурт за да ја финализираме нивната инвестиција за фабрика што сакаат да ја отвораат во Охрид. Наместо во Скопје, се сретнавме во Битола, седнавме ги договоривме работите и извршниот директор на команијата објави пред медиумите дека имаат конечна одлука за отворање фабрика во охридско-струшкиот регион и дека ќе вработи 1.000 луѓе – истакна Груевски.
Тој даде дека за нив секое едно отворено работно место е значајно, за разлика од оние кои со потценување велат дека 200 – 300 нови работни места не се ништо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


