| четврток, 6 декември 2018 |

Австралија се уште гори

Иако температурите се намалени, напорите на пожарникарите ги отежнуваат силните ветрови.

Стотина пожари се уште беснеат низ австралиските држави Нов Јужен Велс, Викторија и Тасманија. Огнените стихии изминатите седум дена уништија стотина куќи и илјадници хектари обработливо земјиште. Нема човечки жртви, а неколкумина се хоспитализирани заради изгореници.

avstralijaТемпературите во Австралија во последните неколку дена беа многу високи што Австралиската метеоролошка служба ја зголемила својата температурна скала на 54 степени, на која и додала и нова боја за високи температури.

Локалното население во областите во кои и понатаму беснеат пожарите засега не ги напуштаат своите домови, но постои опасност дека ветровите ќе се засилат и ќе го сменат правецот, поради што би можело да бидат загрозени населените места.

Во пожарите во Австралија во 2009 година загинаа над 170 луѓе, што е најголема природна катастрофа која се случила во оваа земја во поновата историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top