Носителот на втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, денес пред граѓаните во скопско Сандево ги презентираше проектите од отчетот за изминатите четири години и проекти кои ќе се реализираат во следниот четиригодишен период.
-Во програмата за наредните четири предвидуваме отворање на 40 нови детски градинки, една од нив ќе биде токму во општината Чучер Сандево – истакна Јанкулоска.
Таа додаде дека на централно ниво се предвидени отворање на нови работни места во приватниот сектор преку натамошно унапредување на условите за водење бизнис за домашните и странските инвеститори
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.