Статусот на поетот од Вевчани ги подели мислењата на неговите верни обожаватели од „Фејсбук“, а уште повеќе ги разбесни оние кои и онака не го „мирисаа“.
„Јакна ми украдовте, мастика (бубле гуме по вашки) ми залепивте на омилените фармерки и тоа од позади на џеб – ваљда сте ме џапнале за газ…. ГРАДОТ ВИ ГО КРЕПИМЕ БЕ … ГРАДОТ БЕ СКОПСKИ ДА МУ СЕ МОЧАМ – ПОВЕЌЕ ОД ВАС ГО САКАМЕ БЕ… СЕЉАЧИШТА! ДЕГЕНИ… ВАШИТЕ КАФАНИ ОД НАШИ ПАРИ ЖИВЕАТ БЕ МОРОНИ! НА БОБИ ПРСТЕНОТ МУ ГО СНЕМА НА KРАЈ ! ДО ТАМУ ЛИ Е БЕ?! МНОГУ БЕШЕ ЕФТИН ПРСТЕНОТ…АМА ПА И МНОГУ МУ ЗНАЧИ!
Да, Скопје е град…ама и ЊУЈОРК Е БЕ МАМИЦАТА… НЕ СЕ СЕ ЗАНЕСУВАЈТЕ!
ОПРАЈТЕ СЕ!
ШУПАЦИ!
ШУПАЦИ !
МАМАТА ЌЕ СИ ЕБЕТЕ, МАМАТА ЌЕ СИ ЕБЕТЕ ОД ТОА КУРЧЕЊЕ ВАШЕ СЕЉАЧКО… ОПРАЈТЕ СЕ…. ЗА АРНО СМЕ ДОЈДЕНИ … КОЈ ОД ВЕВЧАНИ… КОЈ ОД ОХРИД !
ФЕЈСБУК Е ФИКТИВНА РАБОТА – НИШТО НЕ ЗНАЧИ!
ОСТАНЕТЕ СИ ФРАЕРИ !
WE COME IN PEACE!
НИКОЈ НИКОМУ ЛОШО НЕ МИСЛИ! АМИН!“
Вака започна вчера дебатата на ѕидот на Дарко Лешоски на вечната тема – скопјани и провинцијата. 30-годишниот поет испровоциран од стотиците коментари кои пристигнаа, од кои поголемиот број беа навреди, напиша уште еден статус.
„Добро треба да се правдаме сега и срамиме и да одговараме поединечно на пораки зашто и како ?
– ајде важи – нек буде!
Не беше статусот во афект. И беше за Скопјани точно. За оние „старите“
(на памет ми паѓа стар Њујорчанец – смешки….)
Јас не сум човек избувлив човек.
Имам живци како жици од бас гитара.
Ама има едни „стари“ Скопјани како сој.
Кој што го сакаат Скопје со 3000 жители.
Кои мораат да се знаат со сите што се популарни.
Кои частат пијачки и на крај кога ќе дојде сметка ги нема.
Кои со првата пијачка се супер.
Со втората гледаат како да те понижат и да се спрдачат било како со тебе пред девојки.
А не ти е ни до девојките ни до нив.
Онака на чело ти пишува со невидливи букви: I`m only here for the drinks.
Најчесто имаат тазе пари.
И побајати години.
Се знаат со сите газди од кафани пошто дома не се прибрани.
Најчесто имаат и убава жена која била супер девојка до пред да се заедно.
Ама често и немаат – затоа завршуваат со вакви црепови ко мене надвор на цигара.
Дечиња те имаат те немаат.
Кој како имал среќа.
Со третата пијачка веќе се отвараат и го велат она што не можат да го сокријат: а бе дојдовте тука ни ги …. девојките и градот го упропастивте и го кажуваат без никаков срам и ко на шала, ние кога ќе дојдеме таму у Охрид ова ни праите она ни праите.
И ти ќутиш и се смешкаш.
Не го фермаш два посто пошто можеш да го решиш со два збора : Чичко извини ја не те знам и првпат те гледам , а ти ваљда ме знаеш од ФБ …со триглицеридите како стоиш?
И за момент си го гризеш јазикот и поокеј ти изгледа да му го плеснеш во фаца и да ти го пукне поштено носот на лице сместа и да се убиваш од смеење на болница после пет минути. По раат ќе си!
Не го фермаш пошто знаеш дека ти е комотно во кожата во која си.
Знаеш и кој си и што си и каков добар човек можеш да бидеш и каков гад знаеш кога сакаш да си.
Ете за тие „стари“ Скопјани беше овој статус. Некогаш човек сака да си увреди! Баш така да си увреди!
И нема ништо помашки од она свесно кога го јадеш!
Знаеш дека ќе го јадеш ама го правиш!
А оние кои стварно го сакаат градот ги заболе и за мене и за нив!
Сега „у реду е?!“ „В ред“?! „Во ред?! “
Не, нема нигде „извини“… зашто нит Скопје е мое ни Скопјани, нит таму од кај што сум.
И ова не е статус.
Само белешка за себеси: Kажи го на глас – немој таков и ти некогаш да си!
Кој треба да те разбере и да те сака – ќе те сака таков каков што си !
Да, знам дека не е убаво ова!
Ич не е убаво нели?“
Ова уште повеќе ги разгори страстите, па покрај навредите Дарко доби и закани. Сите коментари може да ги прочитате на неговиот профил, кој е отворен и за оние кои не му се пријатели, тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.