| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Зголемување на платите и пензиите за 21.5 проценти

3milososki500

Вработените во администрацијата и пензионерите ќе добијат зголемени плати и пензии за 21.5 проценти во наредните четири години, истакна Антонио Милошоски, носител на ИЕ 5 на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на Битола.

– Главна порака од тука, од Битола, до јавната администрација, без разлика дали работат во болници, судство, школство, култура, инспекторати, царина, полиција или други управи, е дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата се обврзува во следните четири години да има покачување на платите за администрацијата за 21.5 проценти. Тоа значи  околу 5 проценти секоја година, исто како и пензиите. Порастот на пензиите за четири години ќе биде 21.5 проценти – изјави Милошоски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ продлжува со реализација на програмата, која, како што рече, е проверена.

– Луѓето во администрацијата кои ги даваат услугите на граѓаните заслужиле да имаат и ваков поттик – оцени Милошоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top