Туристите по кои се трагаше на Галичица се пронајдени. Се работи за двајца странски туристи, 28 годишната Полјачка и 23 годишниот Словенец, кои синоќа се јавиле во Црвен крст за да известат дека се загубиле шетајќи по планината. Екипи на Црвен крст тргна да ги бара, но пронаоѓањето беше отежнато бидејќи се исклучиле нивните мобилни телефони. Но, доцна синоќа биле пронајдени живи и здрави.
Од Единицата за спасување на планини и непристапни терени велат дека тие биле во свесна состојба, но премрзнати и изводенети од дождот. Со возило од Националниот парк „Галичица“ биле пренесени во Охрид.
Двајцата туристи вчера се загубиле на Галичица, а во нивното пронаоѓање се вклучија Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст од Охрид, Центарот за управување со кризи – Охрид, како и припадници на полицијата.
Според Охриднет туристите се пронајдени по четири часа потрага во доста непристапен планински терен во смер над Велгошти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод


