| четврток, 6 декември 2018 |

Принудила таксист на секс, па го избодела со нож зашто не била задоволна

prisilila taksist na seks

31-годишната Романка, Луминита Перијоц, која ја сметале за двојничка на актерката Анџелина Џоли, е осудена на условна казна затвор поради силување и нанесување телесни повреди на таксистот Николау Стану, пишува британски „Дејли меил“.

Таксистот ја одвел девојката до хотел, а кога стигнале до вратата од собата, таа му понудила секс. Тој ја одбил, но девојката му се заканила со 10 сантиметри долг нож. Го турнала во собата и го присилила на сексуален однос. Но, девојката не била задоволна од неговата умешност, па морал уште еднаш да ја задоволи, овој пат орално.

Таксистот и ја исполнил и таа желба, а тогаш таа почнала да го боде со ножот. Стану успеал да се скрие во бањата од каде што повикал полиција. Перијоц прво е осудена на 5 години затвор, но судот, сепак, на крајот ѝ доделил условна казна откако е откриено дека во време на нападот била на аналгетици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top