Норвешката полиција објави фоторобот од маж кој бил пронајден во декември лани за време на снежно невреме, но човекот не знае ниту кој е ниту од каде е. Пати од целосна амнезија.
Полицијата се надева дека некој ќе го препознае, а додека не му се врати помнењето, го нарекуваат Џон Смит. Човекот иако не се сеќава на своето име, тој зборува англиски јазик со источноевропски акцент, разбира чешки, словачки, полски и руски. И покрај тоа што пати од амнезија, тој имал бистар ум и размислувал рационално.
Пронајден бил во индустриската зона во Осло и се верува дека има 20 години. Полицијата веќе четири месеци се обидува да го открие неговиот идентитет и се сомнева дека бил жртва на криминал.
Тој се согласил полицијата да се обрати до јавноста за да влезат во трага на неговиот идентитет. Во моментот кога бил најде во себе немал ниту лични документи, не се сеќавал на името ниту од каде доаѓал, ниту како стигнал во Норвешка, ниту, пак, какви било детали од неговиот живот.
Висок е 187 сантиметри, има сини очи и светла коса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Норвешка бара 90.000 работници: Работите по 8 часа на ден, а платата ќе ви биде 7 000 евра
-
Влезе во историјата: Новрешка е најуспешна нација на ЗОИ, подобра и од Америка