Пред вас е еден успешен тим, кој има јасни ставови и се бори за нив. Ветеното го исполнуваме и даваме отчет. По тоа се разликуваме од другите. Ви даваме програма – добиваме доверба – поднесуваме отчет, порача вечерва претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов на митингот во Струмица.
– Сега повторно доаѓаме со нова програма, нов тим, за нови победи. Двојна победа. Секој може да забележи дека Македонија се менува. Но се менува на добро. Секој може во својот живот да почувствува каква промена се случува. Во секое семејство има нешто што се менува на добро. Така се гради Македонија. Така, кога ќе ја дадете довербата, барате од нас што сте нè избрале, да се посветиме на Македонија. И работиме како тим. Секој во согласност со своите надлежности – нагласи Иванов пред струмичани.
Тој истакна дека како држава имаат изградено јасен став за секое прашање и така настапуваат и дома и надвор од државата.
– Имаме јасен став каде ѝ е местото на Република Македонија. Знаеме кои се барањата и очекувањата на граѓаните. Тие сакаат да живеат во европска и евро-атлантска Македонија. Напорно работиме за да го оствариме тоа. И ќе го оствариме. Ниту Европската унија, ниту НАТО не сакаат неподготвени држави како свои членки. Знаеме кои се нашите обврски, кои ги исполнуваме. Со напорни реформи ја создаваме Европската унија во Македонија. Затоа добивме и визна либерализација. Затоа добивме пет позитивни извештаи од Европската комисија и пет препораки за почеток на преговорите – подвлече Иванов.
Тој нагласи дека блокадата за евроинтеграциите нема да ги обесхрабри да продолжат со реформите што ја приближуваат земјата кон Европската унија и НАТО. Повтори дека нема да прифати никакви предлози што засегаат во националниот идентитет на македонскиот народ и во македонскиот јазик и дека нема да дозволи промена на Уставот, а за сè ќе одлучуваат граѓаните на референдум.
Осврнувајќи се на наградата што ја доби од Фодот за американски студии, Иванов рече дека тоа е награда за државата, за демократијата, за сето тоа што го прави Македонија.
– Додека другите зборуваат, има кој гледа и го вреднува тоа што го правиме во Македонија. И тоа нè радува. И тоа нè охрабрува да продолжиме, со ист интензитет, да ја градиме и демократијата и економијата во Македонија – рече Иванов.
Додаде дека економскиот пораст и развојот на Македонија се врвните приоритети во следните години и дека во соработка со Владата ќе продолжи да работи на привлекување на странските инвеститори.
Нагласи дека за време на претходните претседателски избори и во текот на мандатот како претседател, никогаш никого не навредил или омаловажил и дека тоа се принципи по кои се раководи.
– Нападите врз мене, какви што имав можност да ги слушнам деновиве, пред сè се израз на политичка немоќ, и отсуство на јавна пристојност. Кога некој е без идеја, без став, без решенија за конкретни проблеми и предизвици, кога нема што да понуди за да ја добие довербата од граѓаните, тогаш практикува лични дисквалификации. Мене ми значи што граѓаните на Република Македонија ја препознаа мојата посветеност и што нивната доверба во институцијата претседател расте во текот на целиот мој мандат. Но, исто така, ми причинува чест и големо задоволство што граѓаните во голем процент, 74 проценти од населението, сметаат дека функцијата ја вршам чесно. Тоа е најголемо признание за мојот петгодишен мандат – рече Иванов.
Осврнувајќи се на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, Иванов оцени дека се работи за проекти со конкретни рокови, кои ќе доведат до подобар живот на секој граѓанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани